Имотот на градоначалниците Котевски и Пивковски

0
1007

Во анкетниот лист на градоначалникот на Новаци Лазар Котевски е наведено:

Куќа од околу 5,5 милиони денари на 300 м2 во село Новаци од 1983 година, стекнување со договор за градба. Стан од 72 м2 во Битола и вредност околу 2,5 милиони денари стекнат со договор за купопродажба, два деловни простории во Битола, едниот 38 м2, другиот 34 м2 и вкупна вредноист околу 4,6 милиони денари и двата деловни простори стекнати со договори за купопродажба. И уште еден деловен простор во Битола на неговиот брачен другар, имот како наследство, 32 м2 и вредност околу 2 милиона денари. Земјоделско земјиште, 4 хектари во Новаци стекнати со договор за купопродажба и вредност од 930.000 денари. Лозје на 1000 м2 во селото Лавци, имот на брачен другар стекнат од наслество и проценета вредност околу 120.000 денари. Има и две возила, Мерцедес 1997 околу 310.000 денари стекнат со договор за купопродажба и трактор Фергусон околу 210.000 денари стекнат со договор за купопродажба. Банкарски депозит како имот на брачен другар 15 илјади евра на девозна штедна книшка, од личен имот 10 илјади евра на девизна штедна книшка и имот на деца, исто така банкарски депозит на девизна шедна кришка 15 илјади евра.

Snap 2016-02-22 at 22.06.28

Во анкетниот лист на градоначалникот на Могила Стево Пивковски е наведено:

Куќа на подарок од 182 м2 во селото Могила и вредност од 1.800.000 денари и друга куќа на подарок исто во Могила на 56 м2 со вредност од околу 210.000 денари. Од личен имот и сточарска фарма на 240 м2, вредноста 1.215.000 денари, стекнување со договор за градба. Од личен имот и гаража на 144 м2 во селто Могола, вредноста 400.000 денари, стекната со договор за градба. За останатите работи недал подакот дали се личен имот, имот на брачен другар или на друг член од семејството. Едно моторно возило Форд Ескорд 1996 година со вредност од 120.000 денари, стекнат со договор за купопродажба, потоа од машини и друга опрема, четири трактори Дојц Торпедо и Тафе двата по 360.000 денари, Џондир 600.000 денари и уште еден Џондир 1.200.000 денари, сите стекнати со договор за купопродажба. Напишани и се и недефинирани побарувања едно од 3 милиони денари од 2009 и едно од 3.500.000 денари од 2011 година и нема податок начин на стекнување. Пријавен и кредит од 2011 година на три години во висина од 7.000.000 денари.

Snap 2016-02-22 at 22.08.39

Прикажаните податоци во електронска форма се превземени од Анкетните листови на избраните и именуваните функционери во Република Македонија. Податоците континуирано се проверуваат и истите се менуваат кога функционерите доставуваат Анкетен лист “По стапување на функција“ и “При промена на имотната состојба“.