ИН МЕМОРИАМ: Почина прим.д-р Љубица Петровска

0
517

Денес на 11-ти октомври 2015 година почина прим.д-р Љубица Петровска, попозната меѓу народот и нејзините пациенти како доктор Љупка од „Трета Реонска“.

д-р Петровска беше ментор на голем број млади колеги , сега еминентни доктори, на кои таа им ги пренесе основите на практичната медицина и хуманиот однос кон пациентите.

Нејзините пациенти и пријатели до последен ден и изразуваа љубов, почит и особено задоволство, за нив беше голем учител, другар и пријател од доверба, доктор за тело и душа.

Со указ на претседателството на СФРЈ во 1988 год. за заслуги и постигнати успеси на работа од значење за социјалистичката изградба на земјата, д-р Петровска-Николовска Филип Љубица, е одликувана со Орден за заслуги на народ со Сребрена Ѕвезда.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре на 12.11.2015 во капелата на Св.Богородица.

Погребот ќе биде во 13 часот во Буковски Гробишта.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY