Инаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово

0
369

На централниот плоштад „Скендер бег“ во Тирана денеска се одржа церемонијата на официјална инаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово.

Како што јави Танјуг, церемонијата започна со смотра на почесната единица на гардата на Косовските безбеднони сили, што ја извршија Тачи и досегашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага.

По завршената смотра церемонијата продолжи со чинот на предавање на примерок на Уставот на Косово од страна на Јахјага на Тачи.

Целата церемонија на инаугурацијата покрај на албански, беше преведувана и на српски и на албански јазик.

Во рамки на церемонијата, на која присуствуваа гости од околу 50 земји од целиот свет, посебна музичка програма изведе Косовската филхармонија.

Меѓу гостите на церемонијата беа и шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и албанскиот премиер Еди Рама.