„Индепендент” за последен пат во печатено издание

0
369

Згасна британскиот „Индепендент”, а од денеска ќе го има само во онлајн форма. По триесет години, весникот денеска го објави своето последно печатено издание.

– Денес печатењето престана со работа, мастилото е суво и хартијата нема повеќе да се тутка, но со оглед на тоа што едно поглавје се затвора, друго се отвора и духот на „Индипендент“ се уште ќе биде присутен – се наведува во уредничкиот прилог.

На последната насловна страница, сосема празна, со големи црвени букви е напишано „СТОП ПРЕС“, проследено со зборовите „Сè на темава прочитајте во ова, последно издание – 1986-2016“.

Индипендент е создаден во октомври 1986 година, национален дневник со најмала продажба во Велика Британија, далеку под таблоидите како Сан и Дејли мејл и големите весници како Тајм, Гардијан и Дејли телеграф.

Без коментари

LEAVE A REPLY