Архива
| Уште еден успешно реализиран наставен проект во ОУ Коле Канински |
| Петок, 05 Февруари 2010 19:47 |
|
Разиграни дечиња, насмеани лица и среќни срца тоа беше глетката која ја затекнавме вчера во Основното Училиште Коле Канински. Сето ова беше дел од проектот наменет учениците од трето одделение интерактивно да учат и забавувајќи се. Овие неколку дечиња го претставија градот Битола.
Битола претставена преку еден од најстарите занаети на битолчани.
Учењето и запознавањето со Република Македонија успешно завршија преку реализацијата на овој проект. Време беше да се пробаат солентие и слатки гурмански задоволства кои беа подготвени од страна на учениците и нивните родители токму за овој повод. Од вкусните македонски традиционални јадења, до нашите десерти, еклери, крофни, слатко од смокви, сливи итн. Подоцна, после богатата трпеза учениците заедно со наставниот кадар преку песни и игри го прославија успешно завршениот проект.
|





















