Архива
| Растурена мрежа за обука на хакери во Кина |
| Понеделник, 08 Февруари 2010 16:18 |
|
Полицијата во централна Кина растури мрежа за обука на хакери, јавија светските медиуми. Кинеската полиција соопшти дека три лица се уапсени под сомнение дека управувале со мрежните интернет страници „Блек Хок Сејфти“, кои нуделе совети на хакери и „тројански“ системи за интернет шпионажа. Оваа мрежа отворено регрутирала илјадници членови преку Интернет, ги обучувала како да изведуваат сајбер напади и им нудела злонамерни програми за изведување на тие напади. Според проценките оваа хакерска мрежа успеала да заработи околу еден милион долари од регрутацијата на најмалку 12.000 корисници кои платиле членарина. Пресметката со хакерската група доаѓа по сомнежите дека Кина е еден од светските центри на интернет криминалот и индустриската шпионажа. Сопственикот на интернет пребарувачот Гугл минатиот месец соопшти дека неговите е-маил адреси се „хакирани“ токму од хакерски мрежи од оваа земја. |








