Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
Бугарија и Романија зафатени од силно снежно невреме
Понеделник, 08 Февруари 2010 16:19

Снежно невреме проследено со силен ветер денеска ги зафати Бугарија и Романија и предизвика затворање на училиштата и прекин на електрична енергија.

Романија осамна под дебела снежна покривка, а со снег е затрупан и главниот град Букурешт што предизвика хаос во сообраќајот.

Училиштата во 12 општини во јужна Романија останаа затворени како резултат на владината одлука за прекин на наставата. Блокирани и под снег останаа и две пристаништа на Црно Море во југоисточниот дел од земјата.

Снежни врнежи ја зафатија и Бугарија при што блокирани останаа неколку патишта вклучувајќи го и аеродромот во Софија , соопшти бугарската служба за цивилна заштита.

На места снежната покривка во Бугарија достигна до 60 сантиметри, а затворени останаа и над 40 училишта. Според метеоролозите продор на потопла воздушна маса се очекува веќе од вторник.



Copyright 2010  makfax
+ 0
+ 0