Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
ОБСЕ:Изборите во Украина фер и транспарентни
Понеделник, 08 Февруари 2010 17:31

Вториот круг претседателски избори во Украина беше чесен, транспарентен и професионален, оцени набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Изборите, според набљудувачите, биле импресивен приказ на демократијата и цврста основа за мирен пренос на власта.

Според последните информации опозициониот кандидат Виктор Јанукович, се уште неофицијално, но многу веројатно е новиот претседател на Украина.

По преброени 95 проценти од гласовите Јанукович има освоено околу 48 отсто, а премиерката Јулија Тимошенко два проценти помалку.

Иако разликата меѓу двајцата кандидати е мала Централната изборна комисија смета дека победникот на изборите веќе не може да се промени, а разликата може само за да зголемува.



Copyright 2010  makfax
+ 0
+ 0