Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
Откриена масовна гробница кај Тирана
Понеделник, 08 Февруари 2010 17:31

Масовна гробница во која, најверојатно се погубени противници на системот на Енвер Хоџа, откриена е во близина на Тирана.

Според медиумите во Тирана, гробницата се наоѓа на падините на планината Дајти, во близина на воени бараки кои служеле за одмор во времето на комунизмот.


При случајното копање на група граѓани, откриени се повеќе остатоци на глави, раце, нозе, а според првичните информации, засега, во гробницата се откриени остатоци од 13 тела.

Според Здружението на политичките затвореници на Албанија, во периодот од 1946 до 1991 година во Албанија, од страна на властите се погубени 5577 мажи и 450 жени противници на системот на Хоџа.  Истото здружение тврди дека на околу 4000 погубени во Албанија, сеуште не им е пронајдено местото каде се погребани.


Copyright 2010  makfax
+ 0
+ 0