Архива
| Јени џамија- битолска Аја Софија |
| Понеделник, 08 Февруари 2010 19:13 |
|
Пред неколку години кога се започна со археолошки ископувања во Јени џамија, овој објект доби друга димензија. Два верски објекти од различна религија, на едно место, оваа галерија е на пат да се претвори во Музеј на христијанско-исламска уметност и архитектура. „ На еден магичен начин се спојуваат двете култури, двете вери, тоа е нешто како Аја Софија во Истамбул."- вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола.
И годинава ископувањата и истражувањата ќе продолжат, но надвор или внатре ќе се одлучувало според многу фактори. До крајот на 2010 се најави финиш на многу работи, како санација и конзервација на археолошките пронајдоци, на средновековниот материјал пронајден заедно со црквата, надворешно и внатрешно како и завршница на предвидениот стаклен под. Финасиската конструкција, од Министерството за култура, дополнително ќе ја добиеле за сите проекти годинава, за она што ќе им недостасувале пари ќе го работеле со странски донации. Околу Јени џамија, општината обнови дел од пешачките патеки низ паркот, доколку се вршат ископувања надвор од објектот, постои можност за оштетување.
„ Секое истаржување во однос на ископувањата незначи оштетување или сквернавење на веќе направеното туку напротив."- вели Зоран Николовски дирекотр на Завод и Музеј Битола. Исламската верска зедница, често ја скенира работата во Јени џамија.
„Ние сме немале таков проблем навистина секогаш ИВЗ инсистира тоа да биде поткрепено со стручни работници."- вели Зоран Николовски директор на Завод и Музеј Битола. Јени џамија е државен објект даден во надлежност на Завод и музеј Битола. Оливера Михајловска |


















