Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
82 хектари под закуп државно земјиште во Битола
Понеделник, 08 Февруари 2010 19:16

Natasa ZEMJISTE 001

Осумдесет и два хектари земјоделско земјиште во општина Битола ќе се даваат под закуп. Министерството за земјоделство огласот го објави во петокот, а истиот ќе трае наредните петнаесет дена. Оние што сакаат да аплицираат повеќе информации можат да најдат на огласната табла во подрачната единица на Министерството.

Natasa ZEMJISTE ILIJA

-Ова земјиште е во атарот на стара бачка општина, еден човек го користеше на 15 години, сака на подолго да го земи, што не значи дека други не можат да конкурираат. Огласот е објавен во медиумите - вели Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ.

Право да учествуваат на огласот имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Обрасци и други документи идните апликанти можат да добијат во подрачното Министерство за земјоделство, а истите се доставуваат до Министерството за земјоделство во Скопје.

Natasa ZEMJISTE 004

-Но не може да конкурира оној кој има дол кон државата, УЈП и кон нас - додава Србиновски.

Времетраењето на закупот, зависно од намената, е 50 години за подигање маслинарници, 30 години за подигање долгогодишни насади како на пример лозја и овоштарници, 30 години за спортско-рекреативни активности и рурален туризам, 20 години за рибници и по 15 години за одгледување други земјоделски култури и за ливади. За доставените барања одлучува посебна комисија за земјоделство.

Natasa ZEMJISTE 003

-Тоа е комисија која ги следи критериумите, над 15 хектари треба тие што аплицираат да имаат еден вработен, еден мал трактор, еден големи трактор. Од 20 до 50 хектари двајца вработени, 4 трактори. Над 50 хектари четворица вработени - вели Србиновски.

Освен за Битола, Министерството објави оглас за закуп на 65 хектари земјоделско земјиште во Валандово.

Наташа Чавдаровска
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


+ 0
+ 0