Архива
| Уставниот суд е под контрола на Црвенковски, вели Стефановска |
| Понеделник, 08 Февруари 2010 19:18 |
|
Владините предлог закони и донесени од страна на Парламентот честопати паѓаат пред Уставниот суд на Македонија. За владеачката партија индикативно е тоа и препознаваат голема политика во носењето на одлуките на судот.
„ Тие припаѓаат на страната на Бранко Црвенковски. Тие се луѓе Бранко Црвенковски. Исто така ќе кажам дека во составот на Уставниот суд е Ленче Софрониевска која што многу одамна е член на СДСМ или пак една Ингилизова која што беше претседател на Државната изборна комисија" вели Анета Стефановска пратеник од ВМРО - ДПМНЕ. Таа и натаму ќе ги коментирала одлуките на судот, оти според правните експерти и изјавата на министерот Маневски на кои се повикува, никаде немало забрана за коментирање на одлуките на Уставниот суд.
„ Целта е да го деградира највисокиот законодавен дом, да ги поништи оние легални избори кои што ги спроведовме, да ги укинува и тука ќе дадам одговор зошто ние двапати-трипати носиме еден ист закон, измени и дополнувања" објаснува Стефановска. Имале примери со кои можат да докажат дека политиката на Црвенковски одлучувала, а не судсиското убедување. „ Прво го укинува екстерното тестирање два дена пред изборите. Потоа ја укинаа веронауката на ден Велигден, тогаш кога требаше децата да добијат веќе оценки. Значи ако тие членови на Уставниот суд не носат политички одлуки тогаш нели треба да направат добра проценка, барем да заврши учебната година или екстерното да се види тестирањето дали е добро или не е добро. Или да речеме сега кога луѓето од МВР кои што требаше да се пензионираат откако се доделија решенијата, тогаш тие го укинаа законот" вели таа. Последен пример за тоа бил Законот за лустрација.
„ Го укинаа законот за трето дете. Уставниот суд носи одлуки кои што се навистина против интересите на Република Македонија. Значи против државните интереси и тоа навистина не можам да го сватам. Не можам да го сватам освен што знам како да го објаснам. И ќе го објаснам. Сега пак ова особено со лустрацијата. Нели се прашуваат граѓаните зошто после година дена од работата на комисијата за лустрација и сега кога на дневен ред ќе го разгледуваме извештајот во Собранието за работата на комисијата за лустрација, тие укинуваат одредби од законот за лустрација" вели Стефановска. Оттука и нивното оправдување зошто Собранието на Македонија по неколкупати расправа за исти закони. Стево Башуровски |


















