Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
МВР не знае дали Вранишковски е шпион
Понеделник, 08 Февруари 2010 19:20

Stevo  VRANISKOVSKI 004

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема информации дали расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишкоски е шпион на грчките и српските разузнавачки служби.

Јанкулоска не е запознаена дали Вранишкоски добил дозвола за носење оружје од битолската полиција, како што обвини Народното движење на Македонија минатата недела.

„МВР не би требало и не би смеело да се впушти во реплики на секоја политичка партија. Прашањата кои се од значење за безбедноста на Македонија се наша секојдневна работа и ние со нив се занимаваме во редовна процедура" рече Јанкулоска.

Stevo  VRANISKOVSKI 003

„Доколку оцениме дека има потреба да ја информираме јавноста кога станува збор за државната безбедност тоа ќе биде направено, но не на база на прозивки на политички партии и меѓусебни обвинувања" додаде Јанкулоска.

Инаку, Вранишкоски вчера држеше Богослужба во Јовановата црква во Нижеполе. Тој уште не може да добие правен легитимитет во Македонија. Последната одлука на судот за него била уште еден доказ дека ние како земја сме биле далеку од демократијата.

Stevo  VRANISKOVSKI 002

„Моите настапи се јавни. Шпионите обично работат по други методи, конспиративно и не се покажуваат. Значи малку е неспоиво и затоа ми изгледа непристојно да одговарам на прашање кое само по себе е нелогично. Второ, можеби уште посуштинско е прашањето што може да се шпионира од Македонија за другите. Трето, каков пристап јас имам последните седум години со некакви служби во Македонија па да можам да поделам некакви тајни?" изјави вчера Вранишкоски.



+ 0
+ 0