Индија e најопасна земја за туристки

0
596

Индија е на првата позиција поради рекордната стапка на случаите на силување на туристки.

Оваа земја е пред Бразил и Турција, кои го заземаа второто и третото место во листата составена од весникот  „Дејли мејл”. Според податоци на Националното биро за регистрација на злосторствата во Индија на секои 20 минути во земјата има едно силување.
Бразил го добива второто место во негативниот топ 10 исто поради големиот број злосторства против претставничките на понежниот пол. Растот на слични злосторства е 157 проценти за периодот 2009-2012 година, пишува весникот. Турција е зад овие земји поради тоа што во земјата доста често се врши насилство врз жените, а дискусијата за слични инциденти е табу. Понатаму на листата се Тајланд, Египет, Колумбија, Мароко, Мексико, Кенија.