Информацијата за воздухот на наредната седница

0
396

Пред почетокот на денешната седница на Советот на Општина Битола, советникот Томе Наумов рече дека очекувал дека како прва точка на дневен ред ќе се најде информацијата за состојбата со амбиенталниот воздух во Општина Битола, затоа што на претходната седница тоа го побарал како деловничка интервенција.

-Обврска е да ги изготвуваат и квартално да не известуваат до каде се со Локалниот еколошки акционен план. До овој момент таква работа немаме, рече Томе Наумов, советник од СДСМ.

Претседателката на Советот рече дека писмено ја побарала информацијата, но се уште не била пристигната.

-Информацијата ја побарав, до сега не стигнала. Ќе се преземат краткорочни мерки за брзо, ќе се прскаат улиците со специјално средство, рече Силвана Ангелевска, претседател на Советот.

Кога ќе биде изготвена информацијата. Ќе биде ставена на дневен ред.