Инфраструктурни зафати во Преспа

0
513

Со 13 милиони денари, Македонија пат и општина Ресен, работат на реконструкција на локалниот пат во преспанските села Брајчино и Љубојно до клучката со магистралниот пат Макази – Маркова Нога.

Според Веселинчо Спасевски, раководител на „Македонија пат”-Битола одговорни за реализација на проектот овие зафати на реконструкција на локалните патишта во Брачино и Љубојно согласно временските прилики треба да завршат во наредните десет дена.

Значањето на реконструкцијата на овие локални патишта било повеќекратно и со истите треба да се овозможина подигнување на квалитетот на живот на жителите на овие преспански села, но во исто време реконструкцијата на пет километарскиот локален пат е и дирекна поддршка на условите за развој на алтернативните форми на туризам по кои селата Љубојно и Брајчино се веќе етаблирани на туристичката карта на Македонија и преставуваат атрактивни раритети за туристите љубители на природата и авантурите кои во последно време се почесто ја посетуваат Преспа.

М-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен вели повеќекратно е реконструирањето на овојлокален пат за туризмот и неговиот развој.

Лазе Ангеловски жител на с. Љубојно изрази задоволство што инфраструктурни проекти се градат и во овој дел на Преспа и дека истите ќе продолжат и во иднина со што за граѓаните на долнопреспанските села ќе овозможат и забрзан економски развој и пред се задржување на младата популација во овој регион.

За десетина дена треба да заврши овој инфраструктурен зафат.