Инфратруктурни зафати во Брусничката населба

0
610
SONY DSC

Брусничката населба односно улицата „ Никола Киров Мајски“ денеска беше таргет на општината за инфраструктурни зафати.На ова место се отпочна проектот за атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа и за крај асфалтирање.

Градоначалникот д-р Владимир Талески истакна дека тука се работи за должина од 170 метри за каналска и водоводна мрежа и 130 метри асфалт, штом се заврши со подземните градежни интервенции.

Насочени генерално, големите инфраструктурни зафати биле кон Старата касарна, но паралелно ги работеле проектите како овој одобрени од Советот

Целиот проект ќе чини над 8,5 милиони денари, рече градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

Станувало збор за сепарирана канализациона мрежа.

Тука ние учествуваме во делот нна канализацијата, има околу 300 метри дел кој треба да се реализира во реонот, одделно атмосферска одделно фекална канализација, рече директорот на КЈП Нискоградба, Кире Крстевски.

Во оваа населба општината планирала дополнителни зафати кои би го финализирале проектот во целост.

Без коментари

LEAVE A REPLY