Иницијатива за рамноправно родителство

0
1246

-По развод децата се приморани да останат да живеат со само едниот родител, а на другиот родител му се овозможува крајно редуциран контакт со своите деца. Поради тоа поднесовме иницијатива до Министерството за Труд и Социјална Политика  и сакаме да се смени сегашната неодржлива ситуација. Сметаме дека е апсурдно државата да ни го ограничува контактот со нашите деца иако ние сакаме и можеме еднакво одговорно да ги извршуваме нашите родителски обврски како и додека сме биле во брак, вели во интервјуто за ТЕРА, Горан Стоев претставник од Иницијатива за рамноправно родителство после развод. Стоев додава дека усвојувањето на овој предлог ќе донесел повеќекратни придобивки за општеството.На 28 јануари ги повикуваат сите засегнати со овој проблем на заедничка трибина во Скопје .