Инстант превод , дава инстант вредност

0
391

Преводот е сириозна работа за која треба сериозна работа. Преведувањето не е само на јазично, туку на многу поголемо ниво. За квалитетен превод е потребно огромно познавање не само на јазиците, туку и на културите кои се преведуваат вели преведувачот Весна Калпаковска која веќе 20 години се занимава со оваа професија и додава дека преведувачот за добар превод треба да исполнува некои услови

vesna

-Прво треба да го знае јазикот од кој што ќе преведува . Препорачливо е да ја знае историјата, културата, етосот на еден народ на кој што е напишано изворното дело за да може да го пренесе на другиот јазик. Неопходен услов за да се направи квалитетен превод мора да се знае мајчиниот јазик во случајот Македонскиот јазик,а потоа следи серозната работа на пренесување на делото од едниот јазик на другиот јазик, приопштување колку што може на читачката публика да и се доближи делото кое што било напишано на еден јазик од дадена култура од дадена цивилизација на сегашните читатели, изјави д-р Весна Калпаковска, преведувач

Вели дека преводот, покрај тоа што е комлексна работа е и многу креативна. Слобода на изразување преведувачот може да има но дека зависи што преведува

kniga

-Ако странува збор за некое уметничко дело колку што може треба поблиску да се преведе мислата изворно, како што била на изворниот автор  и да се пренесе на другиот јазик, тука преведувачот сам треба да ја најде да ја почувствува својата слобода, да види каде може каде неможе, пример во истографски документи па и нема многу што да се биде иновативен , но ако станува збор за некое дело кое што е од уметничка литература комедија тука треба да има самиот преведувач да има дарба за да може тие комични елементи од едниот јазик да ги пренесе на другиот јазик за да и таму биде комично и да го постигне ефектот каков што треба да биде

Oсновен алат на секој преведувач бил речникот. Категориите тешко и лесно во преводот, таа поинаку ги дефинира

 

-Ако тој се наоѓа во делото што треба да го преведи го знае јазикот убаво и едниот и другиот и историскиот моментум кој што треба да го расчита и да им го пренесе на публиката тука значи не станува збор дека нешто нему му е тешко. Тежок превод би бил онај каде што човек нема да се најде во него , иако и преведувачката работа е прилично макотрпна , не е нешто што се прави сега наеднаш , во овај миг и сега е готово. Тоа е работа на која што треба да се навраќаме извесно време и тоа треба самиот превод како дело да зрее, изјави д-р Весна Калпаковска, преведувач

На крај Калпаковска ќе рече : преводот е сериозна работа за кој не треба инстант пристап, затоа што инстант пристапот, инстант преводот, дава инстант вредност.