Интегрирање на регионот во ЕУ, за да не се повторат лекциите од минатото

0
317

Најдобар начин да се избегнат повторно лекциите од минатото е интегрирањето на цел регион во Европската унија(ЕУ), истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, во обраќањето на Третиот самит за Западен Балкан што се одржа во Париз.
„Значаен е моментот по одлуката за излез од ЕУ на Обединетото Кралство. Франција и Германија денес потврдуваат дека ветувањето за цел Балкан во ЕУ ќе биде исполнето. Веројатно за повеќемина се научени лекциите од минатото, кога Балканот беше извор на нестабилност. Најдобар начин тоа да се избегне повторно е интегрирањето на цел регион во ЕУ“, истакна Попоски.

Тој заклучи е дека е потребно ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот преку позначителни грант средства и нивно комбинирање со средства од кредитни линии што ќе придонесе за унапредување на инфраструктурното поврзување помеѓу земјите и зголемување на инвестициите.

Според Попоски, важно е барањето на механизми за надминување на билатералните спорови да остане високо на агендата на процесот, како помеѓу земјите кандидати така и помеѓу земјите кандидати и земјите членки на ЕУ. /крај/со/ст