Интензивна театарска недела во Битолскиот театар

0
367

Со бурен аплауз беше поздравена изведбата на претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Театар Комедија од Скопје, со која беше затворено петтото издание на интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“.
Годинeшното фестивалско издание понуди обемна програма од 12 претстави од кои, половината беа од домашни театри, а половината од странски .

За првпат беа реализирани гостувања од Романија и од Словачка, но и од егзотичниот Казахстан, а веќе традиционално се прикажаа претстави од Русија и САД. Беше прикажана богата програма од ревијален карактер за сите вкусови и генерации, но и дела од Шекспир кои за првпат беа на фестивалот.

На денешната прес конференција беа најавени неколку гостувања на битолскиот Театар меѓу кои и она во Израел во месец октомври. На овој фестивал  битолскиот театар ќе гостува по трет пат.

Покрај гостувањата на Драмски и театарот од Велес, продолжува редовниот репертоар во Битола.

Во петок на 7 ми јули ќе биде изведена Трагичната љубов на една луда девојка во режија на Благој Мицевски, а на 8-ми јули, Бар Ремарк.
Во меѓувреме Битолскиот театар е во интензивни подготвоки за претставата Сон на летната ноќ, која премиерно ќе биде изведена на први август во Битола, а потоа на 5 – ти во Охрид на фестивалот Охридско лето.