Интересна изложба но ретко кој ја видел

0
1027

Иако насловот на изложбата е напишан и на самиот воз , некои од патниците кои патуваа денеска од Скопје за Битола ја виделе и им се допаднала а пак некои не ни забележале дека има изложба во возот.

izlozba 2

-Да ви кажам не забележав дека има изложба, незнам, вели граѓанин

-Ја видов и ми се допадна, човек може да се потсети историските факти за Македонија, вели граѓанин

izlozba 3

-Јас да ви кажам се качив од Прилеп во возот и не заприметив дека има изложба, вели граѓанин

izlozba 4

Во возот кој што пристигна денеска точно во 10 часот и 15 минути во Битола, а тргна од Скопје, низ фотографии и документи прикажани се материјали кои што го опфаќаат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 Септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ. Тука се вклучени и македонските револуционери и нивните чети, повикот за кревање на востание , сведителство за храброст а го има и Законот за знамето и за грбот.Изложбата „Патување на независноста“ ја претставува вековната борба на македонскиот народ за државност и самостојност.

izlozba 5

Изложбата е дополнета со видео кое на слајд шоу прикажува фотографии од првата светска војна но поради тоа што возот беше застанат тоа нашата камера не можеше да го регистрира.

izlozba 6

Државниот архив на Република Македонија во соработка со Македонски железници транспорт АД Скопје, по повод 8. Септември – Денот на независноста на РМ ја организира оваа изложба во воз со која се одбележува 25-годишниот јубилеј.