Интернационална вечер на јубилејните Илинденски денови

0
319

Во рамките на jубилејното 45 -то издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, кое оваа година се одржа од 28- ми јули до 1- ви август, беше и интернационалната вечер на која настапија-ансамблот „Македонка“ од Торонто, Канада и гости од Полска, Романија, Италија, Хрватска и Србија,кои на плоштадот „Магнолија“ приредија незаборавна интернационална вечер, презентирајки го својот фолклор и традиција.

На истата настапија фолклорниот ансамбл „Туропоље“ – Велика Горица од Хрватска, кои оваа година прославуваат 40 години од своето постоење, потоа КУД „Севдах“ од Врање, Србија, кои најавија збратимување со ФА.Плетенка од Битола и ансамблот „Курпие Зиалоне“-Биалисток од Полска .i2

Покрај нив на сцената на Магнолија, својот фолклор го презентираа и ансамблот „Баладеле Делтеи – Дорулетул“ – Тулчеа од Романија, кои во Македонија гостувале 14 пати, но во Битола имаа премиерно гостување,ансамблот „Куартиере Вилланова ди Каљари“ од Сардинија, Италија, како и ансамблот „Македонка“ на македонците иселеници во Торонто, Канада, еден од најпознатите ансамбли на македонски народни песни и игри во Торонто и воопшто на северноамериканскиот континент.i3

За постигнатото и заслугите за Македонија, на 21-ви јули оваа година, Претседателот на Република Македонија го одликуваше ансамблот „Македонка“ со признанието „Повелба на Република Македонија“.

Во рамките на фестивалот се одржа и вечер на староградска музика и игра.

Помеѓу наградените на фестивалот се и КУД „Илинден“-Битола за најуспешна новосоздадена содржина, како и авторот Александар Стефановски.

Директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски, најави побогати содржини и новини за златниот јубилеј, односно 50 годишнината на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Без коментари

LEAVE A REPLY