Интернационалните групи на Илинденски денови воодушевени од Битола

0
410

46-то издание на Фестивалот на народни песни и игри
„Илинденски денови“, беше едно магично патување, средба на традициите која
кулминираше во Хераклеа. Фестивалот ги исполни срцата бидејќи и на
последниот настан имаше бројна публика. На високо реномираната сцена на која
што со децении се презентира, афирмира, анализира и прочува културното
наследство, настапија групи и ансамбли од
Македонија, но и од Мексико, Баскија, Северен Кипар и Бугарија, кои го привлекоа вниманието на публиката, со нивните фолклорни танци, песни но и носии.

Оваа година на фестивалската сцена настапија околу 1200 фолклористи од сите страни на светот .

Овој фестивал веќе 46 години ги сплотува генерациите, ги слави
културните различности, ги зближува народите од сите страни на светот, а сето тоа во нашата Битола.