Интерпол ги ’замрзна’ милионите на ФИФА

0
137

Поради истрагата за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА) која е во тек, Интерпол реши да го суспендира договорот за чување на спортскиот интегритет со ФИФА, објави Reuters.

Интерпол во 2011 година добил 20 милиони евра за 10-годишната програма за борбата против чување на интегритетот во спортот. Со оваа програма Интерпол и ФИФА  му ’објавија војна’ на местењето на натпревари и илегалното обложување.

Во кусото соопштение кое го објави Интерпол стои дека парите од фондот ќе бидат ’замрзнати’.