Интервјуто на Трамп во српски Недељник било лажно

0
211

Српскиот весник „Недељник“ го повлече написот во кој се наведува дека американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се извинил за американската улога во бомбардирањето на поранешна Југославија во 1999 година.

– Трамп никогаш не дал интервју за српскиот магазин „Недељник“ како што погрешно е објавено, ниту такво интервју било водено преку нашиот директор во Индијана Сузан Јаворовски, изјави Џејсон Милер, советник за комуникации во изборниот штаб на Трамп.

По повод соопштението на изборниот штаб на Трамп дека не се извинил на Србите за бомбардирањети во 1999 година и дека интервјуто во весникот е фабрикувано, редакцијата на Недељник соопшти дека „или упаднала во жариштето на изборната кампања или пак е измамена од Владимир Рајчиќ, кој бил врска за ова интервју“.

Редакцијата на Недељник наведува дека во следните денови ќе истражи дали е жртва на измама и притоа упати извинување до читателите.