Инцидент на границата меѓу Косово и Црна Гора

0
715

Пратеници во косовското Собрание од редовите на опозициското националистичко движење Самоопредлеување на црногорска територија поставија албанско знаме и табли со натписи „Република Косово“ и „Добре дојдовте“.

Како што јави Танјуг, неколку часа по поставувањето, знамето и таблите биле отстранети од страна припадници на црногорската полиција.

Претставниците на Самоопределување сопштија дека ги поставиле ознаките со цел да покажат која е „вистинската граница“ меѓу Црна Гора и Косово, а не онаа што е утврдена со договорот за демаркација меѓу Подгорица и Приштина. ­

Косовската опозиција жестоко се противи на договорот за демаркација на границата меѓу Црна Гора и Косово, обвинувајќи ја Владата во Приштина дека со него дел од косовската територија и ја препуштила на Подгорица.