Инцидент на Косово

0
394

На Косово од утринава растеа тензиите откако локални Албанви во местото Мушутиште со протест спречија група косовски Срби да присуствуваат на прослава во локалната православна црква, а српските медиуми јавуваат дека во тек се судири меѓу демонстрантите и косовската полиција.

Со извици „УЧК“ Албанците ги спречиле Србите повратници кои со три автобуси тргнале на одбележување на празник во инаку разрушената православна црква Богородица Одигитрија од 18 век во Мушутиште.

Косовската полиција од безбедносни причини ги сопрела автобусите и почнала да ги преведува демонстрантите кои извикувале пароли против враќањето на раселените и прогонети Срби од Косово.