Инцидент при обид за сообраќајна контрола

0
2809

На 01.05.2017 година околу 11.00 часот во Битола, на ул. „Ѓорче Петров“, поради сторени сообраќајни прекршоци, полициски службеник сопрел ПМВ „Лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице од Битола. Истиот, по краток разговор со полицискиот службеник, го стартувал возилото и се дал во бегство. Со службено возило полициски службеници се упатиле по возилото  и со светлосни и звучни сигнали му издале наредба да го запре возилото. Кога застанал со возилото, на лицето кое управувало му било кажано да ги извади и предаде регистарските таблици на кои им била истечена важноста. Тој агресивно ги истргал од возилото и неколку пати со истите го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата, нанесувајќи му телесни повреди. Други двајца полициски службеници, кои се обиделе да му пружат помош на полицискиот службеник при обидот да го донесе  во состојба на послушност, биле физички спречени со туркање и влечење од страна на тројцата сопатници од ПМВ „Лада“. По кратко време на местото пристигнала групата за интервенција, по што лицата биле спречени во понатамошните дејствија. Во Полициска станица приведени биле трите лица, сите од Битола. По целосно комплетирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.