Инциденти на Идомени

0
417

Во бегалскиот камп кај Идомени ноќеска избија нови насилни инциденти и судири меѓу полицијата и бегалците. Ситуацијата во кампот беше мирна со денови кога вчера ненадејно дојде до нови проблеми. Инцидентите започнаа кога група од 200-300 бегалци почнаа да туркаат напуштен вагон по шините кон полицијата во насока на оградата со Македонија.

Грчката полиција на ова одговори со шок бомби и солзавец, по што бегалците почнаа да фрлаат со камења по полицајците. Судирите се смирија на кратко, но групата бегалци одново почна да го турка вагонот кон полицијата по што се разви втор насилен бран напади од солзавец, шок бомби и камења на пругата и меѓу шаторите каде живеат бегалците.