iPhone 7 со рекордна меморија, но и со рекордни цени

0
600

Сите се во исчекување на големата промоција на Apple закажана за 7-ми септември, но благодарение на кинеските ликстери недела порано се откриени цените на новите смартфони. Основниот и помал iPhone 7 ќе чини 790 долари за моделот со 32 GB меморија, а основниот iPhone 7 Plus пак, ќе ве чини 910 долари без склучен договор.

Најскапи ќе бидат моделите со досега рекордна меморија од 256 GB. За ваквиот iPhone 7 ќе платите 1060 долари, додека пак iPhone 7 Plus со екстра меморија ќе чини 1180 долари. Податоците доаѓаат од Кина, па можеби се прилагодени за нивната валута, но слични цени ќе имаат и на интернационалниот пазар.

iPhone 7 и iPhone 7 Plus кои како главни новитети ќе понудат подобрен скенер за отпечатоци во физичкото копче, нова поголема леќа за камерата, како и замена на 3.5 милиметарскиот влез за аудио што остава простор за примена на водоотпорен дизајн.

Без коментари

LEAVE A REPLY