iPhone е највлијателниот технолошки уред на сите времиња

0
533

Првиот „iPhone“, кој беше претставен на 29-ти јуни 2007-ма, беше навистина уред кој го промени светот на технологијата, означувајќи почеток на нова ера во која „компјутерите почнаа да се носат во џеб“.

Од дизајнерски и технолошки перспективи, „iPhone“ во тоа време навистина претставуваше технолошка револуција која отвори нови хоризонти, отворајќи пат кон користењето на смартфоните какви што денеска ги знаеме.

Тоа е неспорно, но во денешно време се водат дебати дали „iPhone“ е најважниот технолошки уред кој некогаш се појавил.

Токму таквата титула му ја додели престижниот магазин „Time“, поставувајќи го на првото место од вкупно педесет најважни „гаџети“ кои се појавиле во животот на корисниците.

Но дали „Apple“ со „iPhone“ ја промени комплетната човечка историја до таа мера што стана најважниот уред на сите времиња, тешко е да се процени, но за „Time“ нема сомневања.

Интересно е и тоа што „Apple“ меѓу првите десет најважни уреди покрај „iPhone“ има уште два: „Apple Macintosh“, кој се најде на третата позиција и „iPod“, кој е на деветото место.