Ирачките и американските сили започнаа артилериско гранатирање на Мосул

0
279

Вооружените сили на Ирак и на САД започнале интензивен артилериски оган на источните делови на северниот ирачки град Мосул, кој од 2014 година е под контрола на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, објави ноќта кон неделата по средноевропско време агенцијата Sputnik, наведувајќи извор во безбедносните ирачки сили.

Соговорникот на агенцијата навел дека гранатирањето се спроведува со цел да се уништат одбрани цели пред почетокот на решавачката операција за заземање на вториот по големина ирачки град Мосул, кој важи како главно упориште на Исламската држава и главен град на нејзиниот самопроглсен „калифат“. Изворот додал дека во областа е забележливо и присуството на авионите на коалицијата предводена од САД.

Истворемено и турската приватна телевизија NTV ги објави истите информации за напади на меѓународната коалиција и ирачките бебзедносни сили врз цели на џихадистичката групација во северните квартови на Мосул. Се наведуваат и информации за воздушни удари кои ги нанесуваат воздухопловните сили на САД и на Франција.

Според сознанијата на телевизијата, добиени од висои извори во турсите власти, „главната операција во Мосул сé уште не започнала“.

Претходно во саботата ноќта, турската агенција Anadolu објави дека „артилеријата на САД гаѓа цели на Исламската држава недалеку од центарот на Мосул“. Оваа информација за агенцијата ја дал командантот на силите на курдските борци во Северен Ирак – пешмергите, Омер Хусеин. Тој, исто така, рекол дека ударите на американската авијација се концентрирани на борците во областа на Мосул.

Турската агенција Dogan (DHA), пак, јави оти во саботата ноќта започнала оперцијата за ослободување на Мосул од Исламската држава, со координирани артилериски и воздушни удари.

Воен извори за телевизијата CNNTurk рекол дека турските воени сили и шиитските милиции, претходно користени од страна на ирачката влада во ослободување на другите ирачки градови од рацете на џихадистите, не се вклучлени во копнената операција.

Вториот по големина ирачки град Мосул е под контрола на Исламската држава од 2014 година и по загубата на голем дел од териториите кои ги контролираа џихадистите во моментов е најголемото нивно упориште. Ирачките сили и нивните сојузници, вклучително и милициите, и во саботата потврдија дека се подготвуваат за решавачкиот напад врз градот. Турскиот претседател Реџеп Тјип Ердоган претходно изјави дека почетокот на операцијата за заземање на Мосул е планиран за 19-ти октомври.