Иран го откри својот нов противвоздушен систем, може да уништи неколку цели одеднаш

0
252

Иран првпат го покажа својот нов систем за противвоздушна одбрана Бавар 373, изграден локално, кој може да се спореди со рускиот С-300, што ја потврдува неговата посветеност во развојот на воените способности, и покрај загриженоста на Западот.

Снимките што ги емитуваа разни ирански медиуми ги прикажуваат претседателот Хасан Рохани и неговиот министер за одбрана Хусеин Дехган на церемонијата на отворањето на новиот систем, проект што беше лансиран во време кога Иран сè уште беше под меѓународни санкции.

Генералот Дехган во мај го најави „покренувањето на производствениот систем Бавар 373“, објаснувајќи дека „може да уништи крстосувачки ракети, беспилотни летала, борбени авиони и балистички проектили“.

Системот е „способен да уништи неколку цели истовремено“, додаде тој.

Иран одлучи да се сврти кон проектот кога Русија во 2010 година како резултат на санкциите го прекина договорот потпишан три години претходно во врска со испораката на С-300.

mkd.mk