Иран има докази дека Турција соработува со ИСИС

0
514

Државни функционери на Иран соопштија дека имаат докази дека постои трговија со нафта меѓу Турција и Исламска држава, како и дека се спремни да ги објават во јавност, пренесуваат агенциите.

Техеран соопшти дека имаат фотографии и видео снимки на кои се гледа како камиони со нафта влегуваат во Турција.

„Ако турската влада не е информирана за трговијата со нафта од страна на ИСИС на турска територија тогаш сме спремни да им дадеме одредени информации на располагање“, изјави секретарот на иранскиот Совет Мохсен Резај.

Претходно руското министерство за одбрана објави сателитски снимки и фотографии кои покажуваат дека Турција е вмешана во шверцот на нафта со Исламска држава од Ирак и Сирија.

 Руското министерство истакна дека во нелегалната трговија се директно вмешани турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и членови на неговото семејство.

Нешто подоцна Ердоган ја обвини Русија за вмешаност во шверцот на терористичката нафта.

www.mkd.mk