Иран испраќа два воени брода кон брегот на Оман

0
414

Иран планира да испрати два воени бродови кон Оман, пренесува турската Anadolu Agency.
Двата брода ќе испловат од иранското пристаниште Бандар Абас на странска мисија до Арапскиот Полуостров, а потоа во меѓународни води.
Флотата составена од миноловец класа “Алборз” и логистички брод класа “Бушехр”, ќе биде лоцирани во Оман, а подоцна во меѓународни води во Индискиот Океан и Аденскиот Залив. Мисијата ќе биде да ги обезбеди морските патишта во Аденскиот Залив.

Овој потег на Иран доаѓа откако во Персискиот Залив владее дипломатска криза, при што Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа односи со Катар.