Иран претстави нов балистички проектил

0
110

Иран успешно ја тестираше новата балистичка ракета Хорамшахр со дострел од 2000 километри и со способност да носи неколку конвенционални боеви глави, со што може да погоди неколку цели истовремено, јавија западните агенции, повикувајќи се на Иранската државна телевизија.

Новата ракета беше прикажана вчера,  за време на воена парада во иранската престолнина Техеран.

Веста за ракетното тестирање доаѓа во тензичен момент меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна договор, која е остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп.

Без коментари