Иранскиот Парламент донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за ракетни системи

0
228

Парламентот на Иран денеска усвои одлука за издвојување на дополнителни 520 милиони долари наменети за програма за развој на ракетни системи и работење на Револуционерната гарда во странство.

– Американците треба да знаат дека ова беше нашиот прв чекор, истакна претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани.

Тој наведе дека, предлог-законот, чија цел е „соочување со терористичките чекори на САД во регионот“, усвоен со голем број гласови, односно 240 гласови „за“, од вкупно 244 присутни пратеници.

Иранскиот Парламент ја донесе оваа одлука бидејќи Вашингтон во јули наложи санкции против иранскта програма за развој на ракетни системи.

http://www.alsat-m.tv

Без коментари