Иранци ја запалија амбасадата на Саудиска Арабија

0
391

Непознатa иранска група ja нападнала амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, објавиja очевидци, откако во текот на денот Иран остро го критикуваше погубувањето на шиитскиот верски водач од страна на Саудијците.

Очевидци рекоа дека делови од зградата биле запалени, а други делови во внатрешноста биле уништени, пренесе новинската агенција Тасним.

Групата „гневни Иранци“ ја нападнале амбасадата протестирајќи против погубувањето на шиитскиот свештеник Нимра ал-Нимра, кого саудиските власти го погубија во саботата наутро, откако беше обвинет за тероризам.