ИС го срамни со земја гробот на Св. Пророк Јона

0
182

Припадници на Исламската држава го срамнија со земја гробот на пророкот Јона и на негово место имаат намера да направат градина, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Џамијата во која се наоѓаше гробот, беше уништена уште есента. Таа беше изградена врз археолошки ископини и се сметаше за место на погребение на пророкот Јона.

Гробницата беше реконструирана во 90 – тите години за време на Садам Хусеин и до заземањето на Мосул од страна на Исламската држава, таа беше популарно место за поклониците од целиот свет.