IS и преку аудио порака објави дека Салопек е убиен

0
373

Милитантната организација Исламска држава (IS) во четврток објави и тонски запис со тврдење дека го убиле хрватскиот државјанин Томислав Салопек, еден ден откако објави фотографија од безживотното тело на Салопек.

„Во Вилаетот (покраината) Синај војниците на калифатот го убија хрватскиот заложник чија земја учествуваше во борбата против Исламската држава, откако истече ултиматумот, а египетската и неговата влада го напуштија“, се вели во аудио пораката на Исламската држава.

Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека и натаму нема потврда на информацијата дека Салопек е обезглавен.

Исламската држава во средата објави дека го погубила хрватскиот државјанин со отсекување на главата и на својот Twitter профил профил објави грозоморна фотографија на којашто во пустина е под знамето на оваа радикална сунитска организација во пустински предел лежи тело на кое е поставена отсечена глава, за којашто тврди дека е автентична.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во средата на вонредната прес-конференција изјави дека не може со стопроцентна сигурност да потврди дека Салопек е убиен, но дека стравува дека тоа се случило.

Триесет иедногодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули југозападно од египетската престолнина Каиро. Минатата седмица египетскиот огранок на Исламската држава се закани дека ќе го убие во рок од 48 часа ако не бидат ослободени муслиманските жени од египетските затвори.

Томислав Салопек е прв хрватски државјанин кој е киднапиран во некоја странска земја, а неговото убиство, ако се потврди, е првото убиство на некој странски државјанин коешто го извршила Исламската држава во Египет./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY