IS ја потврди смртта на еден од своите лидери крај Рака

0
260

Ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (IS) ја потврди во понеделникот смртта на еден од своите влијателни членови, за чијашто ликвидација во воздушен удар во близина на сирискиот град Рака, претходно соопши Пентагон.

Портпаролот на американското министерство за одбрана, Питер Кук, соопшти дека на 7-ми септември воздушните сили на коалицијата предводена од САД извршиле напад во близина на Рака, чија цел бил „Доктор Ваил“, познат и како Ваил Адил Хасан Салман ал-Фајад, кога бил ликвидиран.

Според Пентагон, Ваил ја имал функцијата на министер за информации на терористичката групација.

Во извештајот за потврдата на загинувањето на Ваил, Reuters кој се повикува на интернет ресурсите кои ја промовираат Исламската држава, наведува дека не се спомнати податоците за местото, времето и други поединости за ликвидацијата на ал-Фајад./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY