IS ја презема одговорноста за убиството на гувернерот на Аден во Јемен

0
371

Сунитската терористичка група Исламска држава (IS) во неделата со соопштение објавено на Twitter ја презема одговорноста за нападот со автомобил бомба во кој малку претходно на југот од Јемен беше убоен гувернерот на покраината Аден.

Во соопштението, Исламската држава тврди дека покрај гувернерот, убила и осум негови телохранители, а се заканува и со нови напади во Јемен.

Командантот на безбедносните сили во Аден, генералот Мохамед Масуд, објави дека во нападот се убиени седум лица, гувернерот и шест негови телохранители. Тој претходно изјави дека возилот согувернерот било гаѓано од минофрлачи

Ова е втор најсмртоносен напад што го изведе Исламската држава во Аден, откако на 6- ти октомври ја презема одговорноста на нападот врз привременото седиште на јеменската влада и врз воени објекти.

Квартот Тавахо стана седиште на џихадистите поврзани со локалната група на Ал Каеда, која ги искористи борбите во Јемен за своето влијание да го прошири и на југот од земјата.

Бомбаш самоубиец се залетал со возило во конвојот со кој се движел гувернерот Џафар Мохамед Саад, додека одел на работа во квартот Тавахи. Саад неодамна ја презема одговорноста, а беше близок на претседателот во егзил Абд Рабо Мансур Хади. Тој во ноември се врати во Аден, откако осум месеци мина во Саудиска Арабија, бегајќи пред бунтовниците.

Исламистичките милитанти се сеприсутни во градот, четири месеци откако приврзаниците на Хади помогнати од сунитската арапска коалиција ги протераа припадниците на шиитската милиција на племето Хути од Аден, вториот најголем град во Јемен,

Сиромашната земја од Арапскиот полуостров, Јемен е потресуван од судирите меѓу силите кои се лојални на арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, и побунетите Хути, кои се шиити и проирански ориентирани.

Борбите во Јемен ескалираа на крајот од март, кога етничкото племе Хути, кои се главно шиити, започнаа со напредувањето кон поранешниот главен град Аден, поради што претседателот Абд Рабо Мансур Хади пребегна во Саудиска Арабија, којашто подоцна за да го врати на власт ги започна воздушните и артилериски напади врз јеменските бунтовници.

Јеменската престолнина Сана е сé уште под контрола на Хутите, кои се побунија откако претседателот Хади со кого беа во договор претходно не преземаше ништо за да го спречи распаѓањето на земјата и напредувањето во северот на земјата на сунитската терористичка група Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP) која контролираше поголеми области. Ним подоцна им се приклучија и воените единици лојални на соборениот претседател Али Абдула Салех.

Хитите, кои ја имаат поддршката од шиитски Иран, се борат истовремено против силите на Хади, локалните сунитски племенски милиции, сунитските исламисти, сецесионистите од југот на земјата и Ал Каеда./крај/мф/сн