IS првпат нападната од Средоземјето

0
561

Американскиот борбени авиони во петокот првпат откако започна кампањата против џихадистите од Исламската држава (IS) пред две годни нејзините цели ги гаѓаа полетувајќи од носач на авиони од Средоземјето.

Авионите полетале од носачот на авиони „Harry S. Truman“ откако бродот доплови во Медитеранот низ Суецкиот канал, и ова е првпат од 2003 година американската армија од Средоземјето да изведе ваква акција на Блискиот исток.

Досега нападите беа извршувани од носачи на авиони во Персискиот залив или од копнените бази во Бахреин, Турција и неколку други земји.

Морнарицата соопшти дека нападите имале цели во Ирак и во Сирија, но не дадоа поединости за тоа колку цели се нападнати и кои биле.

САД се загрижени од руската воздушна интервенција во регионот која е оценета како успешна, што може да го зголеми влијанието и присуството на Русија во регионот.

Истовремено воздушниот напад како овој на Турција ѝ испраќаат порака дека американските сили имаат и други начини да ги изведат своите воздушни напади во Сирија и во Ирак, освен турската база Инџирлик/крај/мф/сн