Исчезнал од радарите, па се вратил на аеродромот во Алжир

0
463

Патничкиот авион од типот „Boeing“ на алжирската воздухопловна компанија „Air Algerie“ на летот од Алжир до француски Марсеј, кој беше пријавен за исчезнат од радарите над Средоземното Море, безбедно се вратил на аеродромот во алжирската престолнина ,и ниеден од патниците на настрадал, јави алжирскиот портал Algerie 1.

Претходно порталот Flightradar24 кој го следи воздухопловниот сообраќај во секој момент, објави дека авионот исчезнал од екраните на радарите откако направил круг над Балеарските острови, летајќи во спротивната насока а потоа исчезнал од радарите.

Авионот на летот AH1020 бил на релацијата од престолнината на Алжир за францускиот Марсеј, направил кружење над Средоземното Море, а потоа исчезнал, па стучниот портал претпоставуваше дека или авионот се наоѓал во зона надвор од опсегот на радарите или се приземјил.

Авионот требало да слета на аеродромот во Марсеј во 16 часот по локално време, но објавена е информација за доцнење на летот. Подоцна извори од компанијата соопштиле дека авионот се вратил на аеродромот во Алжир поради технички проблеми.

„Авионот исчезна половина час по полетувањето на надморска височина од 7.000 метри над Средоземното Море, и по половина час се врати поради технички проблеми на меѓународниот аеродром во Алжир“, изјави за агенцијата РИА претставник на компанијата „Air Algerie“ кој барал да остане анонимен

„Екипажот поради техничка неисправност донел одлука да се врати и за тоа го извести контролорот на воздушниот сообраќај на алжирскиот аеродром./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY