Исчезнал швајцарски борбен авион

0
182

Швајцарски борбен авион исчезнал во саботата попладне во централниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Швајцарија.

Агенцијата АП повикувајќи се на свои извори објави дека засега не е позната судбината на пилотот кој управувал со леталото.

Швајцарските власти се во потрага по авионот F/A-18C, кој исчезнал источно од градот Интерлакен во алпскиот дел на земјата. крај/мф/нц