Иселениците од Могила

0
2025

Желбата за подобар живот ги натерала да заминат надвор од државата пред години. Но никогаш не ја забораваат својата родна земја.Велат македонецот каде и да е не смее да ги заборави своите корени.Како што се дружеле во Австралија, заедно ги сретнавме и во Могила , на фестивалот на дуети „Константин и Елена“. Беа восхитени расположени, полни со емоции

mogila 1

Ја негувале традицијата и обичаите и во прекуокеанската земја. Велат дека нема да дозволат нивните деца и внуци да го заборават јазикот. Се труделе да ја сочуваат врската со Македонија.
mogila 3
Желбата да се помине летниот одмор со блиските во родниот крај и годинава за нашинците е посилна од се’. Најтешка им била разделбата со семејството

mogila 4

Фестифалот „Константин и Елена“ наликуваше на иселеничка средба .Нашинци од сите страни на светот, луѓе кои што недошле 20 до 40 години во Могила, повторно меѓу своите.
mogila 5
Могила е едно од најголемите битолски села. Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 1.526 жители, од кои сите се Македонци. Од селото се исселиле голем број на луѓе во минатото, посебно во текот на 60-тите години. Најголем број се населиле во градовите Мелбурн и Сиднеј во Aвстралија, ЊуЏерси во САД, Торонто во Канада, Минхен и Франкфурт во Германија, Малме и Гетеборг во Шведска.

mogila 7