ИСИС го продолжи рокот за погубување на Салопек

0
713

Одложено погубувањето на Хрватот Томислав Салопек  кој на 22 јули беше киднапиран од припадници на терористичката група Исламска држава.

Екстремистите се согласиле да го одложат обезглавувањето поради одлуката на Владата во Каиро да ги разгледа нивните барања.
Часовникот што на еден од форумите на ИСИС одбројуваше до крајот на ултиматумот е отстранет.
Египетските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори, објавија и дека по заробениот Хрват трагаат четири египетски безбедносни служби.
Се верува дека исламистите го држат Салопек во пустина кај границата со Либија.