ИСИС го уништува античкиот храм во Палмира

0
339

Милитантите на Исламска држава објавија фотографии што се чини дека го покажуваат уништувањето на древниот храм Баал Шамин во сириска Палмира, локација од светското наследство на УНЕСКО што неодамна беше освоена и вандализирана од џихадистите.

Милитантите денеска објавија слики што наводно покажуваат мажи што носат буриња со експлозив во храмот Баал Шамин во Палмира. На серијата фотографии се прикажани и буренца врзани за столбовите на храмот и голема експлозија што го срамнува објектот со земја. Сликите веројатно се извадени од видеоснимка.

Храмот Баал Шамин, кој беше најзачуваната зграда на Палмира, беше разнесен во неделата. УНЕСКО рече дека неговиот внатрешен дел – или наосот – е „сериозно оштетен“, а околните столбови се урнале по експлозијата.

Храмот посветен на едно семитско божество бил изграден пред речиси 2.000 години, а римскиот император Адријан во 2 век од нашата ера го надградил.

Без коментари

LEAVE A REPLY