ИСИС објави ново видео во кое обезглавува наводен руски шпион

0
368

Исламска држава објави нова брутална снимка во која се прикажува отсекување на главата на маж кој се придружил на џихадистичката банда, а всушност станува збор за руски шпион, јавува Си-ен-ен.

Додека заробеникот во портокалов комбинезон клечи пред својот убиец, овој на руски јазик зборува како руските напади што ги наредил Путин ги направиле припадниците на ИСИС уште посилни.

Мажот потоа им се обраќа на Русите со закана дека „нема да најдат мир ни во своите домови“.

„Ќе ги убиеме вашите синови за секој син што го убивте тука. Ќе ги разурнеме вашите домови за секој дом што го разурнавте тука“, се заканува терористот.

Сѐ уште  не е потврдена автентичноста на видеото, ниту пак на тврдењето на ИСИС дека погубениот заробеник е руски шпион. Си-ен-ен не успеале ни да добијат изјава од руската влада дали смета дека човекот на снимката е руски државјанин.